четврток, 18 декември 2025

40-тина млади со мигрантско потекло извршилe голема серија грабежи и напади во Хелсинки

Група од околу 40 деца и млади, државјани на Финска со имигрантско потекло, извела во Хелсинки исклучително голема серија грабежи и напади, чии жртви исто така биле малолетници или млади луѓе, при што никој од жртвите немал имигрантско потекло, соопшти денес финската полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Жртвите на нападите и кражбите биле одбирани по случаен избор, но сите биле малолетници или млади на возраст од 14 до 20 години, а ниту еден од нив немал имигрантско потекло, пренесува Јле.

Како што е соопштено, сомнителните кривични дела се случувале и пред трговски центри, каде што жртвата ја опкружувале од 15 до 20 осомничени, поради што жртвите не можеле да се бранат.

Нападите биле снимани, а некои од жртвите биле плукани или биле принудувани да ја соблечат облеката, наведува полицијата.

Во неколку случаи, жртвата била соборена на земја, удирана со тупаници и клоци, а некои жртви на грабежите и нападите добиле тешки повреди.

Во соопштението се наведува дека сомнителните кривични дела најчесто се случувале на места каде што младите поминуваат време за време на викендите, како и дека досега се истражени 25 кривични пријави поврзани со вакви напади и кражби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ