Министерството за здравство управувано од Хамас објави повеќе бројки за бројот на смртните случаи предизвикани од неухранетост, пренесе Би-би-си.
Портпаролот на министерството вели дека 33 лица, вклучувајќи 12 деца, починале во последните 48 часа.
Вкупниот број на смртните случаи поради неухранетост изнесува 101, од кои 80 се деца, од почетокот на војната во 2023 година, додаваат тие.
Жителите во Газа ја опишуваат кризата со глад на територијата како најлошата во сеќавањето на живите, при што семејствата се принудени да преживуваат со мали порции леќа и солена вода, додека цените на основните прехранбени производи се зголемија дури и за оние што примаат финансиска помош од странство.
„Два дена не сме јаделе ништо освен малку леќа“, вели Мохамед Махмуд, татко на четири деца. „Мешаме малку кујнска сол во чаша вода и ја пиеме, само за да добиеме електролити.“
Дури и оние што успеваат да добијат пари од роднини во странство, вели тој, сметаат дека е невозможно да ги користат. „Провизијата за конвертирање пари сега надминува 50%. Она што останало не може да купи ниту килограм брашно, кое сега чини 80 долари.“
Хуманитарната криза локалното население и медицинските работници ја опишуваат како нешто што Газа го нема доживеала со децении.
„Одам на работа гладен и ги оставам моите шест деца, исто така гладни“, вели Осама Тавфик, ветеран вработен во одделот за снабдување во најголемата болница во Газа, Ал-Шифа.
„Нема храна за пациентите. Деца умираат од глад во болницата. Работам тука 20 години и никогаш досега во животот не сум видел некој да умре од глад.“
Локалните болници и агенциите за помош предупредуваат дека луѓето умираат од неухранетост, особено кај децата и постарите лица, додека напорите за дистрибуција на храна често се одложуваат, храната се пресретнува или се ограбува.
Ова се случува во време кога шефот на ОН изјави дека „последните спасувачки линии“ во Газа се уриваат, а хуманитарните услови се влошуваат со „забрзано“ темпо за време на израелската офанзива.






