сабота, 13 декември 2025

23 мртви во Јужна Кореја во еден од најлошите пожари во историјата на земјата (ВИДЕО)

Најмалку 23 лица загинаа во шумските пожари кои продолжуваат да го пустошат југоисточниот дел на Јужна Кореја, според најновите податоци на Министерството за внатрешни работи и безбедност на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шумските пожари се меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, предизвикувајќи „невидена штета“ и ги надминуваат сите прогнозирани модели, рече привремениот претседател Хан Дак Су.

Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот.

Евакуирани се повеќе од 23.000 луѓе, а оштетени се и неколку културни локации, меѓу кои и будистички храм стар 1.300 години, кој е целосно уништен.

Како одговор на ситуацијата, Хан во средата објави дека нивото на безбедност се подига до максимум и прогласи „целосен национален одговор“.

„Шумските пожари што горат веќе пет дена во Улсан и во регионот Гјеонгсанг предизвикуваат невидена штета“, рече Хан, додавајќи дека тие се шират на начин што „ги надминуваат сите постоечки модели на прогнозирање“. Состојбата со пожарите ја влошува сувото и ветровито време.

Противпожарен хеликоптер се урна вчера попладне во планините на округот Ујсеонг, потврдија властите. Причината за несреќата сè уште е под истрага.

Илјадници пожарникари и околу 5.000 воен персонал се распоредени на теренот во обид да ги ограничат пожарите, а распоредени се и хеликоптери од американската војска стационирана во Кореја.

Националната агенција за пожари ја подигна состојбата на готовност на највисоко ниво за одговор на пожари во вторникот.

Шумските пожари се релативно ретки во Јужна Кореја, а смртните случаи поврзани со нив се уште поретки. Сепак, пожарите кои беснеат последните денови однесоа 23 животи и веќе се најсмртоносните во историјата на земјата.

Уништени се и околу 17.000 хектари шума, што ги прави овие пожари трети по големина во историјата на Јужна Кореја во однос на погодената површина.

Пожарот кој беснее во градот Уисеонг го уништи храмот Гунса, изграден во 618 година, кој беше еден од најголемите во провинцијата.

Будистичка структура од династијата Чосеон (1392–1910), прогласена за национално богатство, исто така е уништена, потврдија властите.

Пожарите прво избувнаа минатиот петок во округот Санчеонг на југоисточниот дел на земјата, а потоа се проширија во соседните градови Уисеонг, Андонг, Чеонгсонг, Јеонгјанг и Јеонгдеок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ