среда, 17 декември 2025

15-годишно момче обвинето за убиство на 9-годишно девојче во Лондон

Петнаесетгодишно момче е обвинето за убиство на деветгодишно девојче од Лондон, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Девојчето, како што наведува Би-би-си, било пронајдено мртво во куќа во една лондонска населба, нешто по 18 часот по средноевропско време во понеделникот.

Обдукцијата покажала дека прелиминарната причина за смртта била една убодна рана, соопшти полицијата.

Осомничениот тинејџер, чие име не може да биде објавено поради неговата возраст, и натаму се наоѓа во притвор и треба да се појави пред судот во Бристол.

Џен Еплфорд од полицијата на Авон и Сомерсет изјави дека е „невозможно на соодветен начин да се опише колку беа трауматични последните 36 часа“ за семејството на Арија.

„Трагичната загуба на толку младо девојче предизвика огромен шок и тага, а длабоко чувство на загуба се чувствува низ целата заедница“, додаде таа, пренесе Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ