„Го повикуваме Израел да ја поништи оваа одлука и да го запре ширењето на населбите, во согласност со Резолуцијата 2.334 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, наведоа тие држави во заедничка декларација, пренесе британската агенција Ројтерс.
„Оваа еднострана акција, која е дел од општото засилување на политиката на населување на Западниот Брег, претставува кршење на меѓународното право и ризикува да поттикне нестабилност“, се додава во текстот.
Според декларацијата, тоа „ризикува да го загрози спроведувањето на мировниот план за Газа, дури и додека се во тек напорите за премин кон втората фаза“.
Декларацијата ја поддржаа претставници на Германија, Белгија, Канада, Данска, Шпанија, Франција, Италија, Ирска, Исланд, Јапонија, Малта, Холандија, Норвешка и Обединетото Кралство.
Овие држави повторија „непоколеблива посветеност на сеопфатен, праведен и траен мир“, заснован на решението со две држави, „во кое две демократски држави, Израел и Палестина, живеат една покрај друга во мир и безбедност, во рамките на сигурни и признаени граници“.






