сабота, 27 јули 2024
Легендарниот тренер излезе со тажна исповед

Свен Горан Ериксон: Умирам, во најдобар случај имам уште една година

Легендарниот Свен Горан Ериксон откри дека боледува од рак и соопшти дека докторите му прогнозираат уште една година живот.

Објавено на

часот

Сподели

75 годишниот Свен Горан Ериксон, кој зад себе има богата тренерска кариера, излезе со тажна исповед.

Во разговор со шведското Радио П1, тој откри дека боледува од рака и прогнозите не се добри, докторите му предвиделе уште една година живот.

„Сите можат да забележат дека боледувам од болест која не е добра, и сите претпоставуваат дека се работи за рак, и тоа е точно. Но ќе се борам додека можам“ – вели Свен Горан Ериксон.

„Во најдобар случај, имам уште една година живот, можеби и повеќе, докторите не можат со точност да ми ги избројат деновите“.

Свен Горан Ериксон се прослави во 1982 година кога го предводеше Гетеборг до триумф во Купот на УЕФА.

Потоа имаше успешни авантури во Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија и Лацио, каде ги предводеше „бјанкочелестите“ до Скудетото во 2000 година.

Во 2001 стана првиот селектор на Англија кој не доаѓа од Британија, а подоцна ги предводеше и репрезентациите на Мексико и Брегот на Слоновата Коска.

Имаше и авантура во Кина, каде работеше во Гуангжу, Шангај СИПГ и Шенжен. Последен ангажман му беше на кормилото на Филипините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ