Пред судиите во Основниот кривичен суд Скопје, Александар го опиша како татко кој се грижел за ќерките, но посочи дека и таа и Александар имале една посериозна караница по која Вања заминала да живее кај татко ѝ, но по три месеци се скарала и со него и пак се вратила да живее со мајка ѝ.
Пред киднапирањето на Вања, таа издвои еден специфичен момент за кој дознала во текот на потрагата по Вања.
„Поспецифичен момент беше кога некој обезбедил снимка кај што кај МЦМ стои човек и набљудува, а после доаѓа возило со затемнети стакла и заминуваат. Теоријата беше дека набљудуваат дали и што се гледа пред да ја киднапираат Вања”, рече Ѓорчевска.
Судењето е во тек и во моментов пред судот сведочат една од ќерките и нејзиниот сопруг на убиениот пензионер Панче Жежовски.
Детали од следните сведочења ќе следуваат во продолжение.
И.О.