сабота, 27 јули 2024

Свечена академија на слободните синдикати за 1 Мај

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска со свечена академија го одбележа 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Претседателот на КСС Благоја Ралповски им го честиташе 1 Мај на сите работници во државата и изрази благодарност до ВМРО-ДПМНЕ, која е, како што рече, една од трите партии која денеска се одзва на повикот аа јавната акдемија за презентирање на програмата.

Објавено на

часот

Сподели

„Изминатите години, гледате на транспарентите околу нас, што се случуваше во државата. Можам да кажам дека еден хаос, кој се пренесе во работничките односи, денеска сакаме да го расчистиме со оние политички партии кои претендираат да бидат на власт. Денеска беше разговарано за непочитувањето на законите и колективните договори, тоа е една наша првична определба, која уште од 2017 година низ улиците на Македонија, со десетици протести и штрајкови на одредени синдикати го бараме“, рече Ралповски.

Тој додаде дека колективните договори се почитуваат само делумно и затоа денеска побарале од политичките партии да дојдат тука и да ги презентираат нивните програми, да ги кажат нивните размислувања, работата која ќе ја пренесат во Владата. Дали во иднина да очекуваме ист ваков хаос или дека работите ќе си дојдат на свое место, рече Ралповски.

Според него, во земјава имаме добри закони и имаме, како што рече, какви такви колективни договори.

„Во минатото ни беше одземено правото да преговараме целосно во делот на колективните договори, туку тоа беше наметнато преговарање. Ние треба само да го почитуваме работникот, да ги почитуваме законите и да ги почитуваме колективните договори“, порача Ралповски.

Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски и портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник Марија Митева беа дел од делегацијата на оваа партија. Велковски им го честиташе 1 Мај на сите работници во земјава и порача вработените секој ден да се борат за своите права.

„Борбата за вработените и за работниците продолжува и треба да биде врвен приоритет за сите нас. Денеска заедно со КСС дискутиравме и се согласивме за многу работи, кои за жал изминатите седум години не функционирале во системот на државата. Да, имаме добри закони, кои треба да се применуваат, меѓутоа остануваат отворени многу прашања дали се применуваат или не. Денеска имаме Закон за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа, повеќе од пет години во фиоките, да не бидат презентирани и јавно достапни до секој еден чинител во општеството за да дадат свој придонес, за да бидат квалитетни и функционални за сите работници во Македонија“, рече Велковски.

Поканата за академијата прифатиле само ВМРО-ДПМНЕ, Левица и движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Ралповски рече дека денеска нема да протестираат, затоа што нема пред кого да протестираат.

„Имаме техничка Влада, ќе имаме нова влада во текот на следниот месец. Бараме од сите тие што претендираат да бидат носители на таа влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас“, вели Ралповски.

„Добро е што конечно им текна дека треба да излегуваат на улиците и да си ги бараат своите права. Но, мислам дека во иднина ако имаме коректни односи меѓу двете синдикални организации можеме заедно да излеземе низ улиците и да си ги бараме своите права“, нагласи Ралповски.

Тој појасни дека на денешниот протестот организиран од Сојузот на синдикати по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај нема да излезат 11 грански синдикати – Самостојниот синдикат на образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации на Република Македонија …

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ