петок, 28 февруари 2025

Сусурига 2025 – Кривопаланечка традиција на маски и оган

Уникатната манифестација Сусурига 2025, што ја организираат Општина Крива Паланка и фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, ќе се одржи утре, по вторпат, со почеток во 12 часот на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

Објавено на

часот

Сподели

Манифестацијата е посветена на празникот Прочка и традиционалниот обичај Сусурига, кој е карактеристичен само за Крива Паланка и кој ја оживува староградската традиција на маскирање и палење на оган.

Програмата предвидува дефиле од Карпошово востание до Градскиот плоштад и ревијален настап на повеќе групи под маски меѓу кои прочуените Бамбурци од Ратево, Џоломари од Манастирец и Мокриево од Ново Село, како и локалните групи Осоговски биждеци на КУЗ „Карпош“ и Трновски ветришта на КУД „8-ми Октомври“ при НУ Центар за култура Крива Паланка.

Во чест на стариот кривопаланечки обичај ќе биде изведено ритуално палење на оган, негово прескокнување и црнење на лицето што е повеќевековна градска кривопаланечка традиција наречена Сусурига

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ