понеделник, 27 јануари 2025

Суспендирани летови за повеќе од 40.000 Авганистанци со специјални американски визи

Суспендирањето на странската помош од страна на претседателот Доналд Трамп ги суспендираше летовите за повеќе од 40.000 Авганистанци на кои им беа одобрени специјални американски визи поради ризикот од одмазда на талибанците, изјави во саботата американски официјален претставник.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Прекинот дојде откако Трамп издаде уредба за запирање на помошта за развој во странство на 90 дена додека не се разгледа нејзината ефективност и усогласеноста со неговата надворешна политика „Америка на прво место“.

Експертите и невладините организации велат дека прекинот на странската помош доведе до хаос во американските и странските хуманитарни организации и дека програмите за исхрана, здравје, вакцинација и други се стопирани. Покрај тоа, Стејт департментот го суспендираше финансирањето на организациите кои им помагаат на Авганистанците со специјални имигрантски визи (СИВ) да најдат станови, училишта и работа во САД.

Шон Вандајвер, шеф на водечката коалиција на ветерани и групи кои работат со американската влада за евакуација и преселување на оние со СИВ визи, рече дека не верува дека прекинот на летовите е намерен. „Тоа мора да е грешка“, рече Вандајвер.

Тој додаде дека се надева дека администрацијата ќе направи исклучоци за Авганистанците на кои им беа дадени СИВ визи, бидејќи тие работеле за американската влада за време на 20-годишната војна што заврши со повлекувањето на американските трупи од Авганистан во август 2021 година. „Тие се бореа заедно со нас. Крвавеа заедно со нас“, рече Вандајвер, додавајќи дека уште десетици илјади Авганистанци чекаат да се обработат нивните апликации за СИВ.

Според извештаите од мисијата на ОН во Авганистан, талибанците затворале, мачеле и убивале поранешни војници и функционери на претходната влада поддржана од САД. Талибанците најавија општа амнестија за поранешни војници и владини функционери и ги негираат обвиненијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ