сабота, 25 мај 2024

Суспендиран рускиот свештеник кој ја одржа службата за Навални

Рускиот православен свештеник, кој во март ја одржа службата за покојните на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештенички должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи мантијата и црковниот свештенички крст до 2027 година.

Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми.

„По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушание, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.

Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија. Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ