Оваа храна со векови е дел од медитеранската и блискоисточната кујна. Освен што ги збогатува јадењата со својот богат, јаткаст вкус, таанот е вистинско хранливо богатство. Полн е со здрави масти, антиоксиданти, витамини и минерали. Сè повеќе истражувања укажуваат на неговата способност да штити од сериозни болести.
Една од најголемите придобивки на таанот е неговото позитивно влијание врз здравјето на срцето. Денес, срцевите заболувања се водечка причина за смрт во светот, но се покажа дека консумирањето сусам може да придонесе за намалување на лошиот холестерол. Во исто време, го зголемува нивото на добриот холестерол.
Неговите мононезаситени и полинезаситени масни киселини ги зајакнуваат крвните садови, а сесамин, моќен антиоксидант во сусамот, може да ги намали воспалителните процеси кои придонесуваат за развој на атеросклероза.
Покрај тоа, таанот може да игра важна улога во спречувањето на дијабетес тип 2 Истражувањата покажаа дека редовното консумирање сусам ја подобрува чувствителноста на инсулин и помага во регулирањето на шеќерот во крвта. Ова е особено важно за луѓето кои се изложени на ризик да развијат дијабетес. Но и за оние кои веќе живеат со оваа болест. Стабилното ниво на шеќер во крвта не само што помага во спречување на дијабетес, туку придонесува и за целокупното здравје и енергија во текот на денот.
Сусамот е богат со лигнани, природни соединенија кои делуваат како моќни антиоксиданти. Истражувањата покажуваат дека лигнаните можат да го забават растот на клетките на ракот, па дури и да предизвикаат програмирана клеточна смрт. Тие се особено проучувани во контекст на ракот на дојката, дебелото црево, црниот дроб и белите дробови. Иако се потребни дополнителни истражувања за луѓето, постоечките студии покажуваат дека таанот може да биде вредна поддршка во заштитата на организмот од малигни заболувања.
Неговите антибактериски и антивоспалителни својства придонесуваат за зајакнување на имунитетот и за заштита на организмот од инфекции. Во некои култури, маслото од сусам традиционално се користи за лекување на рани, бидејќи помага во борбата против бактериите и ја забрзува регенерацијата на кожата.
Исто така, докажано е дека антиоксидантите присутни во таанот можат да помогнат во заштитата на мозокот и нервниот систем, намалувајќи го ризикот од невродегенеративни болести како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Покрај тоа што го штити срцето, мозокот и имунитетот, таанот игра важна улога и за здравјето на коските Тој е богат со фосфор, калциум и манган – минерали кои се клучни за одржување на густината на коските и спречување на остеопороза.
Неговата висока содржина на витамин Б комплекс придонесува за производство на енергија, го зајакнува метаболизмот и ја подобрува функцијата на нервниот систем.