сабота, 27 јули 2024

Супермен стана најдобар стрелец во историјата на Орландо

Објавено на

часот

Сподели

Двајт Хауард не престанува да ги полни кошевите на противниците

Популарниот Супермен со тоа го надмина Ник Андерсон, кој досега беше најдобар стрелец во таборот на „магичните“. Триумфот на Орландо во Индијана доаѓа како мевлем на рана по завчерашната очајна партија против Бостон кога кошаркарите на овој тим постигнаа мизерни 56 поени.

Причина за радост синоќа имаа и кошаркарите на Њујорк никс, кои со убедливиот триумф како гости кај Шарлот бобкетс (111-78) ѝ ставија крај на серијата од шест порази. Тајсон Чендлер со 20 поени ги предводеше „никси“ каде што сите играчи од составот се запишаа во листата на стрелци. За одбележување е и учинокот на првата ѕвезда на екипата, Кармело Ентони, кој мечот го заврши со само еден поен, што е негов најлош скор откако го носи дресот на Њујорк.

На крај на лузерската серија се радуваа и во таборот на Торонто репторс. Тимот од Канада, предводен од италијанскиот репрезентативец Андреа Барњани (36 поени) успеа на теренот на противникот да го совлада незгодниот Феникс санс (99-96). За „репторси“ тоа беше прв триумф во Аризона уште од 2004 година.

Интересно беше и на Флорида каде што Леброн Џејмс во дресот на Мајами хит дојде до победа против своите некогашни соиграчи од таборот на Кливленд кавалирс (92-85). Џејсм, сепак, не беше ѕвезда на вечерта. Таа чест му припадна на неговиот соиграч Крис Бош, кој реализира 35 поени, најмногу откако игра за „жешките“.

РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Орландо 83-102, Шарлот – Њујорк 78-111, Феникс – Торонто 96-99, Мајами – Кливленд 92-85, Портланд – Мемфис 97-84

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ