среда, 18 декември 2024

Суперлигата го промени името и презентираше како ќе изгледа форматот со 96 клуба

Компанијата „А22“ која стои зад проектот Суперлига, објави дека испратила допис до УЕФА и ФИФА со кој бара признавање на новото натпреварување кое тие сакаат да го организираат.

Објавено на

часот

Сподели

И покрај тоа што зад проектот Суперлига останаа само Реал Мадрид и Барселона, компанијата „А22“ не се откажува од идејата и денеска соопшти дека е испратен допис од УЕФА и ФИФА со кое се бара признавање на новото натпреварување.

Суперлигата се ребрендира во „Јунифај (Unify) Лига“ и ќе има доста промени во споредба со првичната идеја.

Квалификацискиот систем ќе се базира на резултатите од домашните првенства, а името „Јунифај Лига“ се користи за да им се даде вредност на стриминг платформите кои бесплатно емитуваат натпревари.

„Јунифај Лигата“ ќе треба да брои 96 клубови кои ќе бидат поделни во четири лиги – на врвот ќе биде Стар (Ѕвезда) Лига во која ќе има 16 клубови, потоа ќе следи Голд (Златна) Лига во која исто така ќе има 16 клубови, потоа следи Блу (Сина) Лига со 32 клуба, а последна е Унион (Унија) Лига која исто така ќе брои 32 клуба.

„А22“ исто така најавува дека сите натпревари ќе можат да се гледаат бесплатно на стриминг платформа, но доколку љубителите на фудбалот ја одберат оваа опција, ќе мораат да гледаат реклами.

Доколку сакаат да уживаат во фудбалот без да им досадуваат рекламите, ќе мора да платат. Ќе бидат понудени неколку пакети, со кои ќе може да се користат најразлични поволности, како избор на камера преку која ќе се следи натпреварот, статистика во живо и други интерактивни опции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ