„Подготвени сме да направиме се што е потребно, колку што е потребно, додека Украина не победи“, додаде тој. Лондон, кој е еден од главните поддржувачи на Киев, неодамна најави зголемување на воената помош за Украина, која за 2024/2025 година изнесува 2,9 милијарди евра.
Во средината на јануари, за време на посетата на Киев, британскиот премиер најави потпишување на десетгодишен безбедносен договор меѓу Обединетото Кралство и Украина, што претседателот Володимир Зеленски го поздрави како „договор без преседан“. Во четвртокот Велика Британија најави нови санкции против Русија и нови испораки на ракети за Украина.
Санкциите се насочени кон повеќе од 50 поединци и компании, особено во секторите што на руската војска и обезбедуваат муниција, ракети и експлозиви, соопшти Министерството за надворешни работи. Тие се насочени и кон „клучните извори на приход за Русија“, трговија со метали, дијаманти и енергетски ресурси, со цел „да го прекинат финансирањето на нелегалната војна на Путин од сите можни страни“.
Францускиот претседател Емануел Макрон во саботата го предупреди својот руски колега Владимир Путин дека поддршката на Франција за Украина „нема да ослабне“ и дека „не треба да се смета на“ „заморот на Европејците“.
„Две години војна. Погодена и со лузни, но сè уште стои. Украина се бори за себе, за своите идеали, за нашата Европа. Нашата посветеност на нејзината страна нема да ослабне“, напиша Макрон во пораката објавена од Елисејската палата на социјалната мрежа Икс по повод втората годишнина од руската инвазија.
„Русија на претседателот Путин не смее да смета на никаков замор меѓу Европејците“, предупредува и француското претседателство во соопштението за печатот на мрежата Икс. „Исходот од оваа војна ќе биде одлучувачки за европските интереси, вредности и безбедност. Франција е и ќе остане со Украина и украинскиот народ“, се додава во соопштението на Елисејската палата.