Како Халкбанк ја иницираше акцијата „Еден милион садници за пет години“ и што ве инспирираше да преземете толку амбициозна иницијатива?
– Акцијата „Еден милион садници за пет години“ е иницијатива што произлезе од долгорочната стратегија на Халкбанк за одржлив развој и заштита на животната средина. Идејата за оваа акција е директно поврзана со нашата „зелена платформа“ Халк еко, која беше започната пред пет години, како одговор на глобалните и локалните предизвици со климатските промени и загадувањето.
Инспирацијата доаѓа од желбата на банката да придонесе кон создавање позелена и поздрава Македонија, во која следните генерации ќе уживаат во чист воздух и природно обновени екосистеми. Преку претходните проекти во рамките на Халк еко, меѓу кои и садењето над 60.000 дрвја, банката веќе имаше можност да види како овие мали чекори носат вистинска промена.
Акцијата е иницирана со партнерство со ЈП „Македонски шуми“, што гарантира професионално планирање и реализација на проектот. Потпишаниот договор опфаќа засадување на дрвја низ целата територија на земјата, почнувајќи со 20.000 дрвја во првата година и постепено зголемување на бројот до 250.000 годишно во следните години.
На крајот, инспирацијата лежи и во желбата на банката да покаже дека не е само финансиска институција, туку и општествен лидер кој ги поддржува и поттикнува еколошките промени. Оваа иницијатива не е само пошумување, туку и повик до јавноста, компаниите и институциите за заедничка грижа за животната средина, бидејќи шумите не се само природно наследство, туку и обврска за зачувување на биодиверзитетот, заштита од климатски екстреми и подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани. Истовремени би сакале да бидеме и пример за тоа како приватниот сектор може да придонесе кон решавање на глобалните еколошки проблеми преку локални активности со долгорочен ефект.
Кои се конкретните придобивки што ги очекувате од засадувањето на еден милион дрвја, особено во однос на климатските промени и квалитетот на животната средина во Македонија?
– Засадувањето на еден милион дрвја преку нашата акција ќе донесе значајни придобивки на повеќе нивоа, со директен и долгорочен позитивен ефект врз животната средина, борбата против климатските промени и подобрување на квалитетот на животот во Македонија.
Една од најголемите придобивки е намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид (CO₂), кои се еден од главните причинители за глобалното затоплување. Секое зрело дрво годишно апсорбира околу 22 килограми јаглерод диоксид и ослободува кислород доволен за двајца луѓе. Со засадувањето на еден милион дрвја, оваа акција ќе апсорбира огромна количина јаглероден диоксид и ќе ја намали концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата, со што ќе се ублажат климатските екстреми како суши, топлотни бранови и поплави. Дрвјата помагаат и во намалување на концентрацијата на ПМ честичките, кои се причина за сериозни здравствени проблеми кај луѓето. Со создавање зелени зони, дрвјата ќе служат како природни филтри што ги апсорбираат штетните материи од воздухот и создаваат кислород, значително подобрувајќи го квалитетот на воздухот во заедниците.
Не треба да се заборави дека дрвјата играат клучна улога и во заштитата на почвата од ерозија, особено во региони каде што земјоделството е ранливо на климатски екстреми. Нивните корени ја стабилизираат почвата, го намалуваат ризикот од ерозија и помагаат во задржувањето на влагата, што е клучно за продуктивноста на земјоделските култури. Дополнително, новозасадените дрвја ќе создадат засолништа за различни животински видови, со што ќе се зачува и зголеми биодиверзитетот.
Оваа иницијатива не е само еколошки проект, туку и начин за едукација и подигнување на свеста кај граѓаните за важноста на шумите и нивната улога во заштитата на природата. Со засадувањето на еден милион дрвја, Халкбанк не само што ќе придонесе кон обновување на деградираните подрачја, туку и ќе помогне во создавање поодржлива и поздрава иднина за сегашните и идните генерации. Ова е потврда дека со вложување во природата, вложуваме во подобрување на квалитетот на животот на сите нас.
Со оглед на партнерството со ЈП „Македонски шуми“, кои региони се приоритет за пошумување и како се планира динамиката на засадувањето?
– Партнерството со ЈП „Македонски шуми“ е клучна компонента за успешна реализација на акцијата „Еден милион садници за пет години“ на Халкбанк, бидејќи обезбедува професионална експертиза, стручност и логистичка поддршка во процесот на пошумување. Преку ова партнерство, акцијата е планирана да биде изведена во повеќе фази, со јасно дефинирана динамика на засадување и со фокус на одредени региони.
Приоритетни региони за пошумување ќе бидат оние каде што шумите биле уништени од природни катастрофи (пожари, поплави, суши) или од човечки фактори (неконтролирана сеча). Пошумувањето во овие области ќе помогне да се врати биолошката рамнотежа и да се обноват екосистемите. Исто така, во рурални и земјоделски области пошумувањето ќе помогне во заштитата на земјоделската почва од ерозија и ќе ја подобри способноста за задржување на влага. Со поддршката од ЈП „Македонски шуми“, секој аспект на засадувањето ќе биде стручно планиран, од изборот на соодветни видови дрвја, адаптирани на локалните климатски услови, до прецизно планирање на локациите и обезбедување на логистичка поддршка. Ова партнерство ја гарантира ефективноста и долгорочниот успех на проектот.
Динамиката на засадување е внимателно дизајнирана во неколку фази, за да се осигура дека целта од еден милион садници ќе биде постигната до 2029 година. Во старт ќе се засадат 20.000 дрвја и оваа почетна фаза ќе служи како тест-фаза за утврдување на најдобрите практики и подготвување за значително зголемување на темпото на засадување во следните години. Од годинава годишниот обем на засадување значително ќе се зголеми, со цел секоја година да се засадат по околу 250.000 дрвја. Оваа динамика ќе овозможи постојан и рамномерен напредок кон поставената цел. По засадувањето, ќе се спроведува редовен мониторинг на садниците, за да се обезбеди нивното успешно адаптирање и раст. Ова вклучува заштита од суши, пожари и штетници, што е од особено значење за одржливоста на проектот.
Со внимателно планираната динамика и стратешкиот избор на локации, акцијата „Еден милион садници за пет години“ е повеќе од пошумување – таа е инвестирање во еколошката и социјалната одржливост на Македонија. Ова претставува модел за тоа како јавниот и приватниот сектор можат заеднички да постигнат големи цели во заштитата на животната средина.
Како оваа акција се вклопува во пошироката стратегија на Халк еко платформата, и кои се следните еколошки иницијативи што ги планирате?
– Акцијата „Еден милион садници за пет години“ е централна иницијатива во рамките на пошироката стратегија на Халк еко платформата – зелена платформа која ја рефлектира посветеноста на Халкбанк кон еколошката одржливост и борбата против климатските промени. Халк еко е повеќе од корпоративен проект, тоа е интегрирана стратегија што ги обединува сите напори на банката за заштита на животната средина и создавање одржлива иднина.
Преку ХалкЕ еко, банката веќе има значајно искуство во спроведување еколошки активности, како што се садењето на над 60.000 дрвја во различни општини, уредување на урбани простори, реновирање на мостови и поддршка на еко спортски настани. Акцијата за еден милион садници е логичен следен чекор кој значително го проширува обемот и влијанието на претходните иницијативи.
Акцијата директно одговара на глобалните климатски предизвици, вклучително намалување на емисиите на јаглерод диоксид, подобрување на квалитетот на воздухот и зачувување на биодиверзитетот. Со вакви активности, Халк еко ја позиционира банката како лидер во еколошката одговорност, не само на локално, туку и на регионално ниво.
Еден од клучните принципи на Халк еко е создавање долгорочни и одржливи решенија. Со оваа акција, банката не само што ќе засади дрвја, туку ќе постави пример за тоа како приватниот сектор може да придонесе кон значајни општествени промени.
Покрај акцијата за еден милион садници, Халкбанк планира и други иницијативи во рамките на Халк еко платформата, кои ќе опфатат различни аспекти на заштита на животната средина, како поддршка за уредување на јавни простори, спортски настани и слично. Со јасна цел за подобрување на квалитетот на животната средина, банката ќе продолжи да презема амбициозни чекори во борбата против климатските промени, истовремено мотивирајќи го општеството за заедничка акција и посветеност на природата.
Покрај акцијата за засадување на еден милион садници, кои се другите значајни активности што ги реализирате во рамките на корпоративната општествена одговорност на Халкбанк и како тие придонесуваат за локалната заедница?
– Корпоративната општествена одговорност е еден од основните принципи на нашето делување и преку ваквите активности настојуваме да создадеме позитивно влијание врз животната средина, локалната заедница и економијата. Халкбанк, чие основно мото е „Важни се луѓето“ е препознатлива во земјава како општествено одговорна компанија која е посветена кон зголемување на општото добро за луѓето иопштеството. Многубројните активности врзани за помош на зедницата, за поддршка на спортот, културата, обрзованието, заштита на животната средина, но и за подигање на свеста за одредени теми, постојано се во фокусот на општествено одговорните практики на Халкбанк АД Скопје. Всушност, нашите глобални планови за општествена одговорност се одвиваат во рамките на неколку платформи – Халк еко која претставува наша зелена агенда, потоа Халки која е насочена кон поддршка за најмладите во делот на образованието и едукацијата, платформата – Чуварите на мудроста во чиј фокус е постарата генерација и платформата Вистински Слободна – за поддршка на жените претприемачки и за зголемување на финансиската слобода на жените.
Среќни сме што овие наши активности на општествена одговорност се препознаени од јавноста. Доказ за тоа е и последното признание што Халкбанк го доби за најдобра банка за општествена одговорност во Македонија за 2024 (Best CSR Bank Macedonia 2024), што ја потврдува посветеноста на банката кон корпоративната општествена одговорност, поддршката на заедницата и иницијативите за одржлив развој.
Дополнително, платформата „Фустани со џебови“ на Халкбанк АД Скопје, со која се дава поддршка на женското претприемништво, беше избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving. Оваа платформа е еден од петте проекти кои добија посебно признание од комората за квалитетна и успешна општествено одговорна практика.
Р.М.