петок, 18 октомври 2024

Судскиот совет во последен момент реагираше случајот Ласкарци да не почне од почеток

Судскиот совет на итна седница денеска одлучи судијката Александра Ристеска, која денеска даде заклетва и ќе оди во скопскиот Апелациски суд, да биде делегирана на старата функција, судијка во Основниот кривичен суд Скопје за да може предметот за сообраќајната несреќа кај Ласкарци да биде завршен. Доколку не беше донесена ваква одлука тогаш овој случај ќе беше вратен на повторно судење.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Судијката Александра Ристеска која од денеска и официјално е нов судија во Апелацискиот суд Скопје до сега беше член на судечкиот совет за предметот за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, поради што постеше опасност од враќање на предметот од почеток, предмет кој трае повеќе од четири години.

Со оглед дека станува збор за итна ситуација мнозинството членови на Судскиот совет гласаа едногласно за иако некои од нив имаа забелешки на ваквиот начин на делегирање на судија од еден во друг суд.

„Ова нѐ доведе до вонредна состојба со оглед на тоа што информацијата дојде сега. Затоа апелирам до судиите и до судијката Ристеска која денеска даде заклетва дека ќе ги почитува законите, да го известеше Судскиот совет дека е дел од судечкиот совет во предметот Ласкарци и да не се однесува толку слободно и особено да има предвид какви последици би можеле да настанат од ваквата ситуација“, рече членот на Судскиот совет Ивица Николовски.

Во случајот кој се однесува на автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени се обвинети Белули, сопственик на компанијата Дурмо турс, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Како и тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, кои се товарат за соучество во истото дело.

Според Кривичниот законик, за кривичните дела за кои се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.

Објавата на пресудата е закажана за следниот четврток (25 јануари) 2024 година.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Александра Ристевска, заедно со останатите новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје денеска дадоасвечена изјава пред Судскиот совет.

Судскиот совет на седница на 15 ноември 2023 година ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област и Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани за судии од граѓанската област во Апелациониот суд Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ