Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.
Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за СДК.мк посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.