сабота, 27 јули 2024
Контра Дирк Јан Коп кој треба да одобри голем проект

Судскиот совет ги отфрли како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадорот кој овој состав го нарече нелегитимен

Објавено на

часот

Сподели

„Членовите потенцираат дека првиот човек на Судскиот совет е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за Судскиот совет. Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува  сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет. Холандскиот проект трае 4 години и се состои од 3 компоненти: ефикасност, отчетност, транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата проектна година“, велат од Судскиот совет.

И покрај прашањата на МКД.мк, оттаму не прецизираат за каков проект станува збор.

Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп изјави дека Холандија стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, кој според него, стана нелегитимно тело.

„Тоа е дел од поглавјето ‘основи’ кое прво се отвора, а последно се затвора и ќе остане од висока важност во целиот процес. Но, она што ние напротив го гледаме е дека сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој, а сега го имаме и случајот со Судскиот совет кој всушност стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање. И поради тој преседан, Холандија сега стави во мирување еден голем проект поврзан со Судскиот совет. Ситуацијата е многу сериозна“, изјави Коп.

На седница на Судскиот совет на 26 април годинава претседателката Весна Дамева беше разрешена од функцијата, така што нејзиниот заменик Селим Адеми повика на гласање за нејзно разрешување, при што седум члена го поддржаа, по што тој констатира дека Дамева е разрешена и во нејзино присуство го презеде раководењето со седницата.

Судскиот совет на 4 мај на итна седница со осум гласа „за“ и четири „против“ го избра судијата Сашко Георгиев за нов претседател, откако истиот ден биле одржани две затворени за јавноста седници, на кои, како што информираше преку соопштение советот, по изборот на Георгиев за нов претседател, најпрво била донесена одлука со која се става вон сила разрешувањето на Дамева, а потоа со девет гласа „за“ била донесена одлука за нејзино разрешување од функцијата претседател на Судскиот совет.

Од Судскиот совет не одговрија на прашањето на МКД.мк зошто одржаа две нејавни седници во врска со разрешувањето на Весна Дамева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ