четврток, 12 декември 2024

Судскиот случај за Беса Транс се враќа на повторно судење во скопскиот Кривичен суд

Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за случајот Беса Транс и предметот е вратен на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење“, информираат од Апелација за МИА.

Посочуваат дека одлуката веќе е анонимизирана и ќе биде јавно објавена на страницата на судот.

За случајот, кој се однесуваше на продолжено кривично дело фалсификување на исправа, Кривичниот суд Скопје во март годинава, изрече една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на Беса Транс, Беким Хаџиу, и парична казна од 800.000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице.

На овој случај му претходеше страотната сообраќајна несреќа што се случи во Бугарија на 23 ноември 2021 година кога автобус на Беса Транс беше дел од групата од четири автобуси на оваа компанија кои се враќаа од организирано патување во Истанбул, а во која загинаа 45 луѓе, а седуммина беа повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ