сабота, 27 јули 2024
Средба Лога- Тунч во Анкара

Судскиот процес за Палевски е завршен, по административните процедури ќе биде екстрадиран од Турција

Македонскиот министер за правда Кренар Лога на днешната средба со министерот за правда на Турција, Јилмаз Тунч во Анкара, Турција, меѓу другото разговарал и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски осомничен за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерствотоза правда Лога бил информиран од турскиот колега Тунч дека судскиот процес за Љупчо Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во Македонија.

Министерот Лога му се заблагодарил на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочил дека ова е добар знак за општеството , да се казнат оние кои извршиле злосторство.

Освен ова, двајцата министри разговарале за реформите во правосудниот систем, информатичката технологија и продлабочување на соработката помеѓу институциите на двете пријателски земји.

„Се дискутираше за големите реформи во правосудниот систем кои се предвидени во развојната Стратегија (2024-2028), измени на законот за судски совет, измени на законот за Јавно обвинителство, нов закон за помилување кој е во собраниска постапка како и за законот за извршување на санкции. Двајцата министри разговараа и за меѓусебната соработка, многубројните протоколи и меморандуми кои се потпишани во текот на изминатите години. Договорено е, заедно со министерот на Турција, Јилмаз Тунч во Скопје да се потпише меморандум за соработка на сите нивоа, особено за затворскиот систем со цел да се овозможи ресоцијализација на лицата кои издржуваат казна затвор“, се наведува во соопштението.

На средбата била изразена подготвеност да се организираат меѓународни и билатерални конференции, студиски посети и програми за обука на правосудните институции.

„Искуството на пријателска  Турција во областа на правото е големо. Токму поради тоа е побарано од турксите власти со нас да ги споделат и напорите за реинтеграција на Одделот за човекови права, Одделението за меѓународни односи, Одделот за судска медиција, Системот УЈАП, Одделот за меѓународни однсои, Бирото за застапување пред ЕСЧП, Одделението за казнено-попоравни и притвореници во рамките на програмата за ресоцијализација и други прашања“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

При дводневната посета на  Турција, министерот Лога е придружуван од претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, претседателот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, поранешниот претседател на Уставен суд, Сали Мурати и претставници од Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ