сабота, 27 јули 2024

Судски совет бара за нив да не важи ограничувањето на растот на платите

Судскиот Совет денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста  со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет.

Објавено на

часот

Сподели

„Поаѓајќи од својата уставна положба и законски надлежности, Судскиот совет како самостоен и независен орган на судството и како орган кој е должен да ја обезбедува и да ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста  до Уставниот суд со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, пишува во соопштението од Судски совет.

Оттаму дополнуваат дека и во наредниот период, како што наведуваат, „советот останува на заложбата за независна и самостојна судска власт и секогаш кога во ситуација ќе бидат нарушени овие постулати, ќе презема дејствија за заштита на истите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ