Тој подвлече дека постапката ќе биде завршена, тогаш кога ќе заврши обдукцијата и идентификацијата на сите тела. Затоа што, како што рече, идентификацијата не се извршува само со обдукција, туку и со ДНК-анализи. Станува збор за два паралелни процеса.
„Работиме со планирано темпо. Паралелно се вршат и обдукција и ДНК-анализи. Собрани се ДНК материјали за споредба, од роднините на починатите. Очекуваме брзо да се заврши работата. Не може точно да се каже кога, приоритет ни е завршувањето на обдукциите и идентификацијата на луѓето, за да може телата да си ги подигнат роднините“, нагласи Станков во изјава за МИА.