сабота, 27 јули 2024

Судот во Стразбур одлучи дека на Ристовски и Пешов им се прекршени правата во случајот со упадот во Собранието

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур утврди прекршување на правата од Европската конвенција за заштита на човековите права во случајот кој се однесува на недоволно образложение во судските одлуки со кои се определува притвор и одредени процедурални пропусти во постапките по жалбите за притворот одреден на поранешниот министер Спиро Ристовски и раководителот на одделот за посебни единици во полицијата Митко Пешов во врска со кривичните постапки за случајот со упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Фото: ФБ профил на Биро за застапување на РМ пред ЕСЧП

Објавено на

часот

Сподели

Во пресудата на ЕСЧП, објавена денеска, пишува дека судот едногласно одлучил дека жалбите на Ристовски и Пешов се прифатливи, а кои се однесуваат на одложеното разгледување на решението за притвор на Митко Пешов од 26 јануари 2018 година и наредбите за куќен притвор на Спиро Ристовски од 25 декември 2019 година и 23 јули 2020 година.

Судот уште утврдил дека во однос на Пешов има повреда на Конвенцијата, поради задоцнетата достава на жалбата на јавниот обвинител против наредбата за неговиот домашен притвор и поради одложеното разгледување на неговиот притвор, а во однос на Ристовски, смета дека има повреда на Конвенцијата поради тоа што не му се доставила копија од поднесоците на повисокиот јавен обвинител како одговор на жалбите против десет наредби за продолжување на куќниот притвор.

Државата, се вели во пресудата на ЕСЧП, треба во рок од три месеци да им се плати по 750 евра на Ристовски и Пешов на име на нематеријална штета, додека во однос на трошоци и расходи на Митко Пешов 1.440 евра, а на Спиро Ристовски 1.500 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ