Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур соопшти дека го одбил барањето на Ѓоргеску за итна одлука бидејќи е „надвор од рамката“ на можностите на судот да донесе таква мерка за соборување на поништувањето на изборниот процес.
Претходно малку познатиот Ѓоргеску стана познат преку ноќ на социјалната мрежа Тикток, поради што Европската Унија отвори истрага за таа мрежа.
Ѓоргеску го критикува поништувањето на гласањето како „формализиран државен удар“.
Тој побара од Европскиот суд за човекови права да донесе таканаречена привремена мерка, итна одлука која судот ја носи само во исклучителни случаи, кога поднесувачите на жалбата во спротивен случај се соочуваат со ризик од непоправлива штета.
„Барањето на господинот Ѓоргеску не се однесува на непосреден ризик од непоправлива штета“, наведе судот во објаснувањето на одлуката.
Романската влада наложи одржување нови претседателски избори. Првиот круг треба да биде на 4 мај, а вториот на 18 мај ако ниеден кандидат во првиот круг на освои повеќе од 5 отсто гласови.
Уставниот суд на Романија ги поништи претседателските избори откако со разузнавачки документи, од кои претседателскиот кабинет ја тргна ознаката за тајност, беа наведени „агресивни руски хибридни дејства“, беа да се даде доказ.