сабота, 27 јули 2024

Судот во Хаг: Тачи од хуманитарни причини е пуштен во посета на семејството на Косово под надзор

Објавено на

часот

Сподели

Тачи е обвинет за злосторства над Албанци, Срби и Роми на Косово и во Албанија во 1998-99 година.

Претставничката на судот Ангела Грип изјави дека советот „од уверливи хуманитарни причини“ му одобрил на Тачи „како притвореник да го посети Косово и да се види со семејството“.

За време на престојот во Приштина, Тачи ќе биде „во притвор на Специјализираните совети за Косово“, како што официјално се вика судот, со надзор од Еулекс и косовската полиција, прецизираше Грип.

Приштинските медиуми јавија дека Тачи пристигнал во посета на својата болна мајка, како и дека семејната куќа е под силно полициско обезбедување.

Судот за злосторствата на УЧК во Хаг досега во слични хуманитарни посети го пушти лидерот на ветераните на УЧК Хисни Гуцати осуден на четири години затвор за попречување правосудна постапка и заплашување сведоци. Посетите траат по неколку дена.

Судењето на Тачи со кообвинетите Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи почна на 3 април.

Тие се во притвор во Шевенинген од ноември 2020 кога беа уапсени во Приштина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ