сабота, 27 јули 2024

Судот одлучи: 30-дневен затворски и еден куќен притвор за осомничените за продажба на плацеви на ЕВН

Објавено на

часот

Сподели

Постапувајќи по предлог на Основнотo јавно обвинителство Скопје, а во однос на истражната постапка за која обвинителството информираше во текот на денот пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје беа спроведени 7 лица.

По произнесување на Јавниот обвинител и осомничените лица во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка, ценејќи ги фактите приложени во предлогот, донесе решенија со кои делумно го прифати предлогот и на: И.Г., М.М., Д.Т., О.Т. и В.И. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Д.Ќ, му определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1, т.2. од ЗКП односно постоење на околните кои укажуваат на опасност дека ќе ја попречат истаргата со влијание на сведоци, вешти лица, соучесници или прикривачи, известуваат од Основен Кривичен суд Скопје.

Воедно судијата го прифати и предлогот на обвинителството и донесе решение со кое на обвинетата М.И. и определи мерки за претпазливост.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ