сабота, 27 јули 2024
АЛМЕРИЈА БИЛА ОШТЕТЕНА

Судискиот комитет призна дека Реал Мадрид добил помош од ВАР, две од трите контроверзни одлуки се погрешни

Медиумите од Шпанија откриваат детали од анализата која ја направил Судискиот комитет за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алмерија, било утврдено дека домаќините добиле помош од ВАР, гостите биле оштетени.

Објавено на

часот

Сподели

Контроверзната победа на Реал Мадрид од 3-2 против Алмерија и понатаму е топ тема во Шпанија.

Последните информации велат дека Судискиот комитет утврдил дека домаќините добиле помош од ВАР, гостите биле оштетени.

Пропуст бил направен при пеналот од кој Реал Мадрид намали на 1-2, Судискиот комитет утврдил дека во ВАР премногу се фокусирале на играњето со рака, наместо да ја простудираат поголемата слика, односно тоа што Хоселу, па и Ридигер, прават прекршок во напад.

ВАР направил грешка и кога го повикал судијата Ернандез Маесо да го прегледа голот на Винисиус за 2-2. Погодокот на Бразилецот не беше признат на терен, а Судискиот комитет смета дека оваа одлука требала да остане и ВАР не смеел да се активира бидејќи нема јасна слика со која 100% може да се потврди дека фудбалерот на Реал играл со рамо а не со рака.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ