Прелиминарната истрага покажа дека ненадејното сопирање и судир поради снегот е предизвикана несреќата во метрото во Пекинг во четвртокот, соопшти Општинската комисија за транспорт на Пекинг, а пренесува Чајна дејли.
Лизгавите пруги предизвикаа проблем со сигналот, поради што возот што одеше напред нагло закочи, а возот зад него не закочи навреме, соопшти комисијата.
NEW: Beijing metro collision left 102 people with fractures, state media reported https://t.co/atOb1uynIw pic.twitter.com/ZMwhTXYyy4
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) December 15, 2023
По несреќата во болница се пренесени вкупно 515 лица, а 102 се здобиле со скршеници. Во петокот во 6 часот од болница се отпуштени 423 лица, 25 лица се на опсервација, а 67 лица се задржани на лекување. Во несреќата нема жртви.
Линијата на метрото Чангпинг во Пекинг денеска ќе работи нормално, освен во деловите погодени од инцидентот во четвртокот вечерта во кој се откачија два вагони, соопшти операторот.
Beijing metro train crashed #accident pic.twitter.com/oAtoJS5FWu
— DANGER!SAFETY (@WarningNC17) December 15, 2023
Со цел да се обезбеди безбедно функционирање на возовите кои сообраќајат над земја или на издигнати шини за време на екстремни временски услови, возовите нема да сообраќаат автоматизирано, туку ќе се управуваат рачно и ќе се движат со помала брзина. Долж рутите на метро линиите, автобуските линии се зголемени, се вели во соопштението за печатот од метрото во Пекинг.
Beijing Metro Accident: Over 30 Injured on Changping Line, No Fatalities. pic.twitter.com/cOVStWWLHd
— China Perspective (@China_Fact) December 15, 2023
Пекинг од средата го зафати обилен снег со ниски температури, а студен бран ја зафати северна Кина. Инцидентот во метрото се случи за време на вечерен шпиц на снежен ден.