понеделник, 30 септември 2024

Судир на две товарни возила на патниот правец Куманово-Крива Паланка

Поради судир на две товарни возила на патниот правец Куманово – Крива Паланка, кај населеното место Стамболов, во целосен прекин е сообраќајот на магистралата А2.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи Куманово потврдија дека поради сообраќајка што настанала нешто по десет часот утрово сообраќајот во двата правци е во прекин.

Портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска, рече дека екипите на МВР се на терен и вршат увид на лице место, засега нема детални информации, освен потврда дека станува збор за товарни возила со приклучни приколки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ