сабота, 27 јули 2024

Судир на демонстрантите и полицијата во Тел Авив: Илјадници луѓе бараат оставка од Нетанјаху (ВИДЕО)

Судири меѓу израелската полиција и демонстрантите избувнаа во Тел Авив откако илјадници луѓе се собраа да протестираат против владата и да побараат враќање на заложниците кои ги држи Хамас во Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Некои демонстранти во Тел Авив носеа фотографии од женски војници кои се појавија на видео на почетокот на неделата на кое се прикажани кратко време откако беа киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел, пренесува Гардијан.

Некои држеа транспаренти на кои пишуваше: „Стоп за војната“ и „Помош“. Тие побараа, пишува овој медиум, владата да постигне договор за ослободување на десетици заложници кои сѐ уште се во заробеништво.

Демонстрантите побараа оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повикаа на нови избори, пишува Гардијан.

„Сите го видовме видеото, не можевме да останеме дома откако владата ги напушти сите тие луѓе“, рече Хилит Саги од групата Жени протестираат за враќање на сите заложници, пренесува Гардијан.

Седум лица беа уапсени на протестот доцна во саботата, се вели во соопштението, а најмалку едно лице е повредено, објави израелскиот весник Хаарец. Протести се одржаа и на други места низ земјата, вклучувајќи го и пристаништето Хаифа, пренесува весникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ