сабота, 27 јули 2024

Судијка нареди објавување на имињата на над 170 соработници на милијардерот педофил Епстајн

Имињата на повеќе од 170 соработници на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн би можеле да бидат објавени следниот месец по одлуката на американска судијка. Се очекува меѓу нив да биде и името на британскиот принц Ендрју, јавува Би-би-си, додавајќи дека тоа зависи од објавувањето на доказите кои ги дала жената која тврди дека принцот ја злоставувал во 2001 година.

Објавено на

часот

Сподели

Идентитетите ќе бидат откриени во рамки на тужбата против трговецот со секс Епстајн и неговата соработничка Џислејн Максвел. Секое лице од листата има тој до 1 јануари да вложи жалба и да бара неговото или нејзиното име да се отстрани.

Епстајн, финансиерот милионер за кој се знае дека се дружел со членови на високот општество, умре во затвор во 2019 година. Неговата смрт, која следеше додека чекаше федерално обвинение за трговија со луѓе за проституција, њујоршкиот обвинител го прогласи за самоубиство.

Пресудата напишана на 51 страница, која пред два дена ја објави њујоршката судијка Лорета Преска, бара врските на Епстајн „целосно да се откријат“. Станува збор за најновата одлука во случајот кој Вирџинија Џифре го почна против Џислејн Максвел, кој отслужува 20-годишна затворска казна за злосторствата што ги извршила со Епстајн. Тужбата на Џифре за клевета беше поднесена во 2015 и случајот заврши во 2017 со спогодба, при што имињата на соработниците на Епстајн, со одлука на судот, останаа тајни.

Во новата пресуда судијката Преска напоменала дека многу од поединците именувани во тужбите веќе се јавно идентификувани во медиумите или во судењето на Џислејн Максвел.

Додаде дека многу други „не се противеле“ на објавување на документите. Некои имиња на списокот ќе останат запечатени, вклучувајќи ги тие на децата жртви.

Републиканците во американскиот Конгрес бараат да се издаде судски налог за објавување на евиденцијата на летовите на приватниот авион на Епстајн. Тој во 2008 беше осуден за наведување малолетнички на проституција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ