петок, 18 октомври 2024

Судијата Лазар Нанев е разрешен од Судскиот совет

Лазар Нанев, поранешниот претседател на Основниот суд во Кавадарци, актуелен судија, вчера беше разрешен од Судскиот совет на седница која беше затворена за јавноста. Претходно веќе беа во тек две дисциплински постапки против Нанев, кои на негово барање се водеа со присуство на јавноста, но негово барање вчерашната седница на Судскиот совет помина без присуство на новинарите.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Судскиот совет, судијата Нанев дури 97 пати му се јавил на обвинет во неколку дена, во предмет кој самиот го судел. Лани вишиот јавен обвинител на Скопје Мустафа Хајрулахи го пријавил Нанев во Судскиот совет, обезбедувајќи доказ од јавувањата по телефон од страна на судијата Нанев. За притисоци и недолично однесување него го пријавила и обвинителка од Кавадарци.

Додека трае жалбената постапка, во мирување се другите две претставки за разрешување на Нанев, бидејќи судија не може повеќе од еднаш да се разрешува. Едната пријава е од претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, против која тој усно и на писмено изнел многу навреди, а другата е од адвокатка од Кавадарци која наводно Нанев вулгарно ја навредувал и ѝ се заканил пред семејството.
Дициплинските постапки за Нанев за телефонски повици кон обвинетиот Вачно Кузманов, сопственик и управител на фирмата „Анго Вест ДООЕЛ“, кого Нанев го ослободил и за навредувањето на Дамева, беа јавни. Претставката од адвокатката се води на затворени седници.

На претходната седницата на Судскиот Совет во септември беа изнесени низа обвинувања за лична дискредитација, нарушен углед и омаловажување меѓу претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и судијата Лазар Нанев.

Тогаш, во центарот на превирањата беше прв братучед на Дамева, Љупчо Грков, кој се бара со меѓународната потерница. Дамева побара утврдување на одговорност за Нанев, поради неговите обвинувања дека Судскиот совет не го заштитил од заканите од нејзиниот братучед и дека таа влијаела на барањето за екстрадиција на Грков и со тоа го нарушил нејзиниот углед и угледот на Судскиот совет. Дамева го обвини Нанев дека целта на сето ова му е да влијае на другата постапка во Судскиот совет која се води против него за несовесно и нестручно вршење на функцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ