сабота, 11 јануари 2025

Судијата го одби обидот на Трамп да ја отфрли пресудата за поткуп

Пресудата на Доналд Трамп за фалсификување податоци за прикривање на сексуалниот скандал сè уште стои, одлучи судијата Хуан Мерчан во понеделникот, отфрлајќи го аргументот на новоизбраниот американски претседател дека неодамнешната одлука на Врховниот суд ја поништува таа пресуда, покажа судската пријава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатите на Трамп тврдат дека постоењето на случајот за време на неговото претседателствување ќе ја попречува неговата способност за владеење. Казната првично требаше да му биде изречена на 26 ноември, но Мерчан ја одложи на неодредено време откако Трамп ја победи демократската противкандидатка Камала Харис на изборите на 5 ноември.

Така, во судската одлука се наведува дека Трамповите „крајно лични постапки на фалсификување деловни документи не претставуваат опасност од навлегување во авторитетот и функцијата на извршната власт“.

Адвокатот на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, која го иницираше случајот, рече дека постоеле помали мерки од онаа за поништување на пресудата на поротата што може да ја олеснат загриженоста на Трамп дека кривичното дело ќе му пречи во извршувањето на неговите должности како претседател.

Случајот произлезе од исплатата на 130.000 долари од поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, на актерката за филмови за возрасни Сторми Даниелс. Износот ѝ бил платен пред изборите во 2016 година за да не зборува за сексуалниот контакт со Трамп за кој рече дека го имала една деценија порано, а кој тој го негира.

Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни докумнети за да ги прикрие плаќањата. Тоа беше првпат американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.

Трамп се изјасни за невин и рече дека тоа е обид на обвинителот Брег, кој е демократ, да ја попречи неговата кампања во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ