вторник, 1 октомври 2024
ХЕРОЈСКИ ГЕСТ НА ДАРКО РАДЕСКИ

Судија му спаси живот на фудбалер во Третата македонска лига (ВИДЕО)

На вчерашниот натпревар помеѓу Речица и Доброште во Третата лига била избегната голема трагедија. Судијата Дарко Радески му го спасил животот на еден од домашните фудбалери.

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случи на стартот од второто полувреме, кога еден играч на домаќините незгодно паднал на тревата по еден обид да ја исфрли топката со глава.

Судијата Дарко Радески забележа дека станува збор за опасна ситуација, па веднаш дотрча до играчот, го стави на страна и му го извади јазикот за да спречи гушење.

„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја игуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, изјави Радески за Мнет телевизија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ