По завршување на рокот за пријавување, 7 ноември, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk каде ја поднеле својата апликација. Потоа, потребно е да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка со која МОН склучи нефинансиски договор за реализација на мерката и да ги ажурираат своите податоци (netbanking.mk/studentPortal), по што ќе добијат информација преку смс за точното време и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa виза (Visa) картичкa за субвенциониран оброк.
Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.
Студентите кои ќе го остварат ова право, средствата во износ од 140 денари дневно можат да ги користат од понеделник до сабота, за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други фирми кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
Од МОН потсетуваат дека можноста за аплицирање ќе биде отворена и секој нареден месец, од 1 до 7 во месецот, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина.