сабота, 27 јули 2024
Основниот кривичен суд Скопје дополнително ќе даде термин

Судењето за „Шпанските скали“ во кој е обвинет Јанакиески е одложено

Судењето за случајот „Шпански скали“ се одложува по барање на бранител на четворица од обвинетите кој е спречен да присуствува на расправата. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, во договор со странките ќе бидат дадени нови термини за продолжување на главната расправа кои ќе бидат достапни преку календарот за судење на веб-страната на судот.

Објавено на

часот

Сподели

Во случајот „Шпански скали“ обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, потоа Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ