сабота, 27 јули 2024

Судењето за украдените лекови на Онкологија одложено, медицинската сестра и обвинителот не примиле покана

Судењето против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која е обвинета за проневера во службата со сомнение дека крадела цитостатици е одложено за 4 декември, информираат од Основен Кривичен суд Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Главната расправа за предметот против А.О. за кривичното дело проневера во службата од чл. 354 ст.1 од КЗ, а поврзано со работењето во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија Скопје, се одложи. Причина за одлагањето е тоа што јавниот обвинител не примил уредна покана заради штрајк на јавно-обвинителската служба, како и отсуство на обвинетата за која не е вратена достава за прием“, пишува  во соопштението од Кривичен суд.

На расправатабеше присутен адвокатот на обвинетата медицинска сестра, ангажиран од семејството, со уредно полномошно, информираа од Кривичен.

Според обвинението, обвинетата, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена во вкупна вредност од 59 760 денари кои ѝ биле доверени во службата. Ампулите ги изнесувала од работното место, а потоа ги оставала во автомобил со намера да ги предаде на друго лице. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ