сабота, 27 јули 2024

Судењето за тепањето на Пендиков е одложено откако адвокатите на одбраната ја напуштија судницата

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатот Димитрија Цобoски потоа им изјави на новинарите дека ја напуштил судницата зашто оценил дека постои притисок на судот бидејќи иако е доставен нов доказ кој треба да биде анализиран, судијата не даде одложување на рочиштето. Тој и појасни дека станува збор за доказ што се однесува на повредите на Пендиков.

Според него, случајот Пендиков, предизвикал меѓународен и европски проблем..

„Истата вечер имало и друг настан каде бил претепан човек од повеќе извршители, бил исто поврден, никој ниту го спомна случајот ниту излезе во јавноста. Ќе се бориме за апсолутна примена на закони и ако врз основа на доказите произлегува дека е виновен ќе си одговара тој што е виновен. Но во самото обвинение стои дека обвинетиот Илија со НН лице. Е па тоа НН лице кои повреди ги нанесе“, забележа Цобоски.

Застапникот на Пендиков, адвокатот Стефан Камишевски смета дека од процесен аспект одбраната има право да побара одлагање, бидејќи имало дополнување на медицинското вештачење. Лекувањето, посочи, се уште трае и медицинската документација беше доставена подоцна. Тој нагласи дека постои уште еден напаѓач на Пендиков, што се гледало и на снимката која беше изведена како доказ во судот.

„Постапката ќе продолжи, со каков тек останува да видиме. Тврдењата на одбраната изнесени до сега паѓаат во вода. Одбраната тврдееше дека Христијан Пендиков не поседува бугарско државјанство, но веќе поседува. Тврди дека оштетениот е истепан од други лица, но на кобната вечер не постои запис во МВР дека постои друг кривични правен настан како тој и не постои друго лице кое се јавило во болница со такви повреди од таков кривично правен аспект. Генерално обвинението е основано“, вели Камишевски.

Пендиков надвор од судницата се пожали дека имал повреди и овојпат изјави дека не се плашел да се врати во Македонија.

„Не се плашам, ама не е пријатно кога добивате десетици закани по живот, кога ве пцујат на социјалните мрежи“, рече Пендиков.

Тој вчера се вратил од Бугарија за да даде изјава пред охридското Обвинителство кое води постапка и против еден битолчанец.

Првообвинетиот Спасески на претходното прво рочиште се изјасни за невин, а не присуствуваше Пендиковски кој беше во Бугарија каде беше однесен со авион на бугарската влада за да биде лекуван од повредите во Софија. Таму беше примен и од претседателот и претседателката на Бугарија, Румен Радев и Илијана Јотова, од бугарската држава доби државјанство и стан на користење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ