сабота, 27 јули 2024

Суданскиот конфликт се заканува да се претвори во најголемата светска криза со глад

Извршната директорка на Светската програма за храна (ВФП) Синди Мекејн соопшти дека конфликтот во Судан, кој трае речиси една година, се заканува да се претвори во најголемата светска криза со глад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа рече дека борбите во Судан ги уништиле животите на милиони луѓе низ североисточната африканска земја.

Мекејн ова го изјави на крајот од својата посета на соседен Јужен Судан, каде што стотици илјади Суданци избегаа од војната во нивната родна земја.

ВФП проценува дека околу 18 милиони луѓе низ Судан се соочуваат со глад.

Мекејн ги повика завојуваните страни да престанат со борбите и да дозволат хуманитарните агенции да ја дадат мошне потребната помош за настраданото население.

Судан е преплавен со насилство од средината на април, кога тензиите меѓу официјалната армија предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) под команда на генералот Мохамед Хамдан Дагало ескалираа во отворени борби. Оттогаш, борбите се проширија во неколку дела на земјата, при што главниот град Картум и соседниот Омдурман станаа урбано бојно поле. Конфликтот, исто така, поттикна етничко насилство во западниот судански регион Дарфур.

Според последните податоци на ОН, речиси 10 милиони луѓе се раселени во Судан поради борбите, од кои 4,3 се внатрешно раселени во Судан, а 1,2 милиони побегнале во соседните земји. Агенцијата за бегалци на ОН вели дека во Судан се одвива „незамислива“ хуманитарна криза.

Во конфликтот загинаа меѓу 10.000 и 15.000 луѓе, а повеќе од 12.000 беа ранети, според Обединетите нации, а активистите и лекарските групи во земјата велат дека вистинската бројка на жртвите е далеку поголема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ