понеделник, 21 октомври 2024

Судан се соочува со историска криза со глад

Хуманитарните агенции предупредуваат дека Судан се соочува со вонредна ситуација со глад среде граѓанската војна, но дека меѓународната заедница не дејствува.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме да бидеме појасни – Судан доживува криза со гладување од историски размери. Тишината е заглушувачка“, се наведува во соопштението на Норвешкиот совет за бегалци и други партнери.

Дали Судан проживува низ она што експертите го нарекуваат гладување е сложено прашање, но хуманитарните агенции веруваат дека светот не може да чека официјална ознака пред да испрати дополнителна помош.

„Луѓе умираат од глад секојдневно, а фокусот останува на семантичките расправи и правните дефиниции“, се додава во соопштението.

Критериумот за прогласување криза со глад подразбира четвртина од 10.000 деца да умираат од глад секој ден или повеќе од 30 отсто од населението да е неухрането. Тоа е тешко да се утврди во ситуации на конфликт како во Судан, каде работата на хуманитарните агенции е отежната и каде не може да се стигне до сите луѓе.

Сопернички генерали водат брутална борба за власта во Судан од април 2023. Крвавите борби раселиле повеќе од 10 милиони луѓе и убиле илјадници.

Производството на храна е сериозно нарушено. Многу полиња се уништени, минирани или земјоделците се избркани, а стоката убиена. Според хуманитарните агенции, повеќе од 25 илјади луѓе, што е повеќе од половина од населението, немаат доволно храна.

Многу семејства преживуваат јадејќи лисја и инсекти и имаат само еден оброк дневно, алармира Норвешкиот совет за бегалци. Донациите собрале едвај половина од потребните пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ