Денешната одлука на Апелацискиот суд во Њујорк значи дека Врховниот суд на САД е последната опција на Трамп во обидот да спречи изрекување на казна.
Адвокатите на Трамп побараа вчера од Врховниот суд на САД да го откаже рочиштето на кое ќе му биде изречена казната, закажано за 10 јануари.
Тие се обратија до највисокиот суд на земјата откако њујоршките судови одбија да го одложат изрекувањето на казната во процесот во кој Трамп во мај 2024 беше прогласен за виновен за фалсификување деловна документација во врска со исплатата на 130.000 долари на Сторми Дениелс пред изборите во 2016 година, за таа да не зборува јавно за нивната афера.
Трамп ги негираше сите обвиненија и ги оцени како политички мотивирани.
Адвокатите на Трамп тврдат дека изрекувањето на казната би го нарушило преземањето на власта на Трамп кога се подготвува за враќање во Белата куќа на 20 јануари.