„Не може да се негира дека постои јасен ризик дека извезените делови за Ф-35 би можеле да се користат при сериозни кршења на меѓународното право, односно геноцид“, соопшти судот.
Судот наведе дека државата мора да ја спроведе наредбата во рок од осум дена.
Случајот против холандската влада го поднесоа неколку групи за човекови права.
Во првата пресуда понизок суд не ѝ нареди на владата на Холандија да го сопре извозот, иако наведе дека е „веројатно“ дека авионите Ф-35 придонеле на кршење на законите на војната.
Се додава дека државата имала голема слобода кога станува збор за донесување политички одлуки и политички прашања околу извозот на оружје. Апелацискиот суд ја отфрли таа пресуда и истакна дека политичките и економските грижи не го надминале ризикот од кршењето на законот на војната.
Судот напомена дека е „многу веројатно“ дека авионите Ф-35 биле користени во нападите на Газа, што доведе до неприфатливи цивилни жртви и го отфрли аргументот на владата дека не мора да бара дозвола за извоз.