недела, 20 октомври 2024

Суд дозволи и руски знамиња на Денот на победата во Берлин

Објавено на

часот

Сподели

Во претходните денови истиот суд во истиот период дозволи носење украински знамиња, по што следуваше остра реакција на Москва.

Амбасадорот на Русија во Германија вчера истакна дека забраната за носење руски знамиња кај советските споменици е неморална и дека тоа покажува дека станува збор за фалсификување на историјата поради актуелната политичка ситуација, без оглед на тоа што во Втората светска војна животот го дале 27 милиони граѓани на СССР.

Последната одлука на берлинскиот суд наиде на негодување на дел од јавноста, по што полицијата поднесе жалба до Врховниот суд. Конечната одлука би требало да биде донесена денес.

Геополитичката ситуација во светот минатата година го натера Берлин на Денот на победата да забрани носење украински, руски и советски знамиња за да се спречат евентуални немири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ