Сепак, претставниците на Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) иницирале барање субвенционираниот студентски оброк наместо дневно, да се исплаќа неделно.
Ова барање е за студентите да можат подобро да ги користат субвенциите, бидејќи досега ако не ги искористеа тие 140 денари во еден ден, студентите ги губеа парите.
„За да се овозможи поефикасно да се искористат субвенциите, ние како Универзитетско студентско собрание доставивме иницијатива и до Собранието и до Министерството за образование според која треба да се интервенира во членот кој сега ја регулира исплатата на средствата за студентски оброк на дневна основа и да се овозможи студентите или да ги користат парите што не ги потрошиле во текот на денот, некој нареден ден, или тие да се исплатуваат еднаш неделно. Наместо да се прават шест трансакции во текот на неделата, парите ќе се трансферираат еднаш во неделата. Сметаме дека овој начин на исплата е попрактичен“ изјави Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание за ММС.