среда, 19 март 2025

Студентското собрание на УКИМ се извини за говорите на ректорката и министерката на собирот за жртвите од Кочани

Универзитетското студентско собрание на УКИМ на својата Фејсбук-страница попладнево упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан во универзитетскиот кампус.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме да биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и за секој нареден настан, а и ние самите ги увидовме. На наредните собири нема да има никакви говори“, се наведува во објавата на Фејсбук.

Универзитетското студентско собрание на УКИМ денеска организираше собир „Заеднички час“ кој започна со седумминутен молк на преполниот кампус на скопскиот универзитет каде што студенти и професори им оддадоа почит на жртвите во пожарот во Кочани. На настанот се обратија ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ