вторник, 18 јуни 2024

„Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ во Сули ан

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата ќе биде отворена вечер,, во 20 часот, во Галерија „Драгутин Аврамовски-Гуте“, на Факултетот за ликовни уметности, објект Сули ан, во Стара скопска чаршија.

На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во академската 2023/2024 година.
Учество земаат студенти од сите студиски години од прв и втор циклус на студии на Катедрата по графика и трансмедиумски практики.

Традиционално, наградата за најдобро изведено графичко дело во академската 2023/24 година подразбира доделување на диплома, еднократна парична награда и стипендија од семејната Фондација „Драгутин Аврамовски – Гуте“, како диплома и можност за самостојно претставување во текот на следната академска година во галериите на ФЛУ.

Организацијата на изложбата е во реализација на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“ ја доделува истоимената награда од 1988 година, кога прв пат постхумно е доделена, во чест на нашиот професор и колега, еден од основачите на Катедрата по графика.

„Оваа изложба во континуитет од 37 години го привлекува вниманието на студентите, но и на пошироката јавност. Со цел да ја приближи оваа манифестација и развојот на македонската графика до публиката, но и заради се поголемиот број на учесници, 2011 и 2012 година Факултетот за ликовни уметности во Скопје, наместо во галеријата во Сули ан, ја организираше изложбата во Националната галерија на Република Македонија, во галерискиот простор Чифте амам, а во 2013 година, со поддршка на НЛБ Тутунска Банка, во галерискиот простор на банката“, посочува проф. д-р Славица Јанешлиева, декан на ФЛУ при УКИМ.

Од 2014 година оваа манифестација се оддржуваше во новата галерија при ФЛУ (во зградата што Факултетот за ликовни уметности ја дели со Педагошкиот факултет). Со избор на графики од учесниците на досегашните изложби Факултетот за ликовни уметности се има претставено во универзитетските галерии на ликовните академии во Сплит (2019) и Солун (2015).

Од оваа година изложбата се враќа во објектот Сули ан, во ново обновената галерија на ФЛУ „Драгутин Аврамовски – Гуте”. Со ова издание на изложбата ќе се промовира ново-уредениот галериски простор.

Досегашни добитници на наградата се: Виолета Чаповска, Валентина Стефановска, Дејан Стојановиќ, Александар Прилепчански, Гордана Даутовска, Оливер Мусовиќ, Весна Величковска, Давид Георгиевски, Милан Андов, Александар Тасески, Александар Димовски, Јован Јовановски, Марија Најденовска, Даниела Јордановска, Гоце Трајковски, Елена Стојанова, Никола Арсовски, Македонка Величковска, Андријана Начевска, Маја Ковачевска, Горан Трпков, Милан Костадиновски, Никола Бојаџиев, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска, Марко Илиевски, Ема Наумоска, Ѓорги Динев, Стефан Младеновски, Дејвид Стоилковски, Југослава Василеска, Стефан Божиновски, Милена Петковска и Евгенија Трајковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ