недела, 16 март 2025

Студентите по медицина нудат помош за настраданите во дискотеката во Кочани

Студенти по медицина се самоорганизираа да помагаат околу настраданите од трагичниот настан во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Дијана Кока Џемаили, кординатор на четврта година по општа медицина при Медицинскиот факултет во Скопје истакна дека студенти се самоорганизирале да помагаат за што и да имаат потреба болниците.

„Ние студентите од медицина се самоорганизиравме уште веднаш наутро кога слушнавме за немилиот настан. Најпрвин се упативме кон хируршките клиники да прашаме дали таму имаат потреба од помош на било каков начин да помогнеме. Потоа се упативме за Трансфузиологија да видиме таму имаат некаква потреба од крв или слично. И сега дојдовме во Градска болница да се понудиме за помош. Ова е самоорганизација на студентите. Ние сме отворени за помош“, рече студентката.

Таа нагласи дека со целото Студентско собрание веќе разговарале да организираат крводарителски акции и се што е потребно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ