четврток, 16 јануари 2025

Студентите од Мајка Тереза бараат да се врати стариот субвенциониран оброк

Студентскиот Совет при Универзитетот Мајка Тереза бара од Министерството за образование да го врати стариот метод на субвенциониран оброк.

Објавено на

часот

Сподели

Моменталниот начин на субвенционирање е несоодветен и ограничен, се наведува во соопштението на Студентскиот совет, бидејќи како што пишува во соопштението, тие не можат да ги задоволат секојдневните потреби.

„Понудената сума од 140 денари е недоволна за основната исхрана и задоволство на нашите студенти. Ние бараме од Министерството за образование и наука да го рецензира моменталниот Закон и да се врати на претходниот начин на користење на финансиската вредност за студентите“, пишува во соопштението на Студентскиот совет.

Тие додаваат дека од суштинска потреба е да се зголеми сумата на субвенционирање во согласност со растот на инфлацијата и актуелните економски услови.

„Се надеваме дека ова барање ќе се земе сериозно во предвид и ќе наиде на решение, кое ќе го олесни товарот на студентите и ќе помогне во обезбедувањето на подобро образование“, велат од Студентскиот совет при Универзитетот Мајка Тереза. 

Фото: Студентски совет при Универзитетот Мајка Тереза

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ