среда, 19 март 2025

Студентите на УКИМ се откажаа од големи собири, почитта за загинатите во Кочани може да се изрази на факултетите

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети.

Објавено на

часот

Сподели

„Со цел да не се создаваат поголеми метежи во моменти кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации, големи собири по кампуси нема да се организираат, како што беше првично планирано. Активностите за искажување почит и сочувство ќе можат да се организираат на ниво на факултети, по иницијатива на факултетските студентски собранија, а УСС-УКИМ ќе понуди логистичка помош“, се наведува во соопштението од УСС-УКИМ.

Оттаму повторија дека на првиот собир од нивна страна не била поканета министерката за образование.

„Министерката од наша страна не беше поканета да присуствува, ниту да одржи говор. Нејзиниот говор, самото одржување, како и неговата содржина не беа во агендата на одвивање на настанот. Нашата одлука, за која што со мнозинство се изгласа на состанокот на 16.03, беше само двеминутно обраќање на ректорката во знак на солидарност и изразување сочувство“, велат од УСС-УКИМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ